Почина келнерот Гантер од „Пријатели“

 

Актерот Џејмс Мајкл Тајлер ја загуби битката со ракот на 59-годишна возраст.

Актерот кој го глумеше Гантер во хит серијата „Пријатели“, починал дома во Лос Анџелес во неделата наутро, се наведува во изјавата на неговиот менаџер.

Ракот на простата му бил дијагностициран во 2018 година.

Неговиот менаџер рече: „Ако сте го сретнале еднаш, сте стекнале пријател за цел живот.“

„Светот го знаеше како Гинтер – седмиот ‘пријател’ од ситкомот Friends, но најблиските на Мајкл го познаваа како актер, музичар, борец против ракот и сакан сопруг“, соопшти семејството на Тејлер.

25.10.2021 - 09:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега