Почина еден од најблиските соработници на Путин

 

Поранешниот претседател на Централната изборна комисија на Руската Федерација, Владимир Чуров, почина на 71-годишна возраст, како последица на срцев удар.

Според пратеникот Леонид Ивлев, Чуров минатата недела доживеал тежок срцев удар и бил итно опериран, но неговото срце не преживеало и утрово починал, пренесува ТАСС.

„Пред една недела имаше огромен срцев удар, имаше операција на срцето, па се освести, почна да станува, да шета по одделението, зборуваше за своите планови, сакаше да напише книга, но …“, рече Ивлев.

Инаку, Чуров важеше за силен сојузник на Владимир Путин. Од 1992 до 2003 година работел во Комитетот за надворешни односи на Кабинетот на градоначалникот на Санкт Петербург, од 1992 до 1996 година кај Путин, а во периодот од 1995 до 2003 година ја извршувал функцијата заменик шеф на Комитетот. Наводно работел и за КГБ.

22.03.2023 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега