По сопствената свадба, заврши во полиција - нов скандал на Дарко Лазиќ

 

Српскиот пејач Дарко Лазиќ (31) по венчавката во средата заврши во полициска станица. Како што неофицијално дознава српски „Курир“, полицијата го привела бидејќи возел без возачка дозвола.

Имено, Лазиќ во средата дошол по својата невеста Катарина Лазиќ во Угриновце. И тоа во ламборџини. Целата свадбена церемонија ја пренесоа српските медиуми, а полицијата забележала дека пејачот, на кој му е забрането да вози до февруари следната година, со автомобил се упатил до својата сакана, а потоа и до ресторанот каде што имале прослава.

Полицијата денеска му изрече казна на Лазиќ и поради сообраќајната несреќа пред една недела. Тогаш со своето БМВ удрил во комбе, при што настанала материјална штета.

Пејачот тогаш на полицијата и дал чешка возачка дозвола бидејќи му ја одзеле српската, но сепак морал да плати казна, а добил уште 10 месеци забрана за управување со возилото.

Полицијата на Лазиќ му ја одзеде возачката дозвола поради премногу казнени поени.

31.08.2023 - 21:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега