По скоро три години, Јанкулоска за првпат на викенд отсуство
Со измена на правилникот, жените-затворенички од „Идризово“ почнаа со користење право на викенд отсуство. Според „Макфакс“ меѓу нив е и Гордана Јанкулоска, која по скоро три години поминати зад решетки, излегува на викенд.
Погодностите доаѓаат откако Комисијата за антидискриминација утврди дека затвореничките од женски пол се дискриминирани со Правилникот во „Идризово“. Тој беше променет од Управата за извршување санкции и Министерството за правда.
01.07.2023 - 11:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа