Пијана возела мопед - паднала, на крај завршила зад решетки
На 21.07.2025 во 01.45 часот, на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ја лишија од слобода М.М.(44) од Охрид, која претходно управувајќи мопед на истата улица, паднала и се здобила со телесни повреди. Таа се однесувала агресивно кон полициските службеници кои пристигнале на местото на настанот, а било утврдено и дека има 2,23 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
21.07.2025 - 12:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа