Пијан поштар делел пари на гости во кафана
Наместо да им ги испорача на пензионерите, пијан поштар во Бјелина парите ги делел на гости во кафана.
Порталите од Република Српска информираат дека поштарот толку се напил во кафеана што во еден момент ја отворил торбата во која имал неподелени пензии и почнал да им дели пари на гостите. Дошло и до расправија и тепачка меѓу гостите. Потоа во кафаната дошла полициска патрола и го однела поштарот во станица.
Полицијата на информативен разговор го повикала и директорот на Пост Српска, работната единица во Бјелина.
14.11.2023 - 11:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа