Пешевски: Како синдикат на градежништво бевме приморани да го оспориме пред Уставниот суд специјалниот закон кој беше донесе за „Бехтел и Енка“

„Секторот градежништво е една важна дејност во државата која брои 7% од вкупниот број вработени. Специјалниот закон кој беше донесен за „Бехтел и Енка“ имаше предвидување 60 часовна работна недела за кој како синдикат за градежништво и сојуз на синдикати на Македонија бевме приморани да го оспориме пред Уставниот Суд“, изјави Иван Пешевски од синдикат на градежништво во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Тој и посочи дека станува збор за неуставна измената со законот да се работи 60 часовно неделно.

„Тој договор требаше да предвиди 51% домашни компании и домашни работници, а до ден денес тоа го немаме. Како Влада не се пофаливте дека давате работа на домашна компанија и дека домашните работници сте ги обезбедиле со работа“, кажа Пешевски.

 

Пешевски посочи дека како Влада требаше да се покажете во изминатиот период да ги довршите сите отпочнати автопатишта.

„Се троши домашен буџет пари од граѓаните кој се даночни обврзници за парите да бидат изнесени надвор од конзорциумот „Бехтел и Енка“ без при тоа никој да не даде денар во пензискиот и здравствениот фонд“, кажа Пешевски.

Пешевски е дециден дека овој проект со „Бехтел и Енка“ е бетер проект и уште го немаме видено, а парите се потрошени.

 

22.05.2023 - 22:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега