Пентагон: Украинците може да го користат нашето оружје во нападите во Курск
Пентагон повтори дека украинскиот напад во руската област Курск е во рамките на она што го дозволуваат САД кога станува збор за користење на нивното оружје во Украина.
„Ја поддржувавме Украина од самиот почеток за да се одбрани од напади кои доаѓаат преку граница. Тие преземаат активности за да се заштитат од напади кои доаѓаат од регионот што спаѓа во опсегот на она што американското оружје и системи се овластени да ги користат. Кога станува збор за конкретната операција што се спроведува, добиваме се повеќе информации, но на Украинците им останува да зборуваат за нивните операции“, изјави на денешната прес-конференција портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа