Пентагон со шокантни податоци: Вонземјани можеби веќе на големо ја истражуваат Земјата
Официјални лица на Пентагон во нацрт-документот минатата недела изјавија дека вонземјани можеби го посетуваат Сончевиот систем и испраќаат помали сонди за истражување, како што прави НАСА кога истражува планети.
Во нацрт-истражувачкиот извештај, напишан од Шон Киркпатрик, директор на Канцеларијата за решавање на аномалии на сите домени (AARO) на Пентагон и од Абрахам Лоеб, директор на Факултетот за астрономија на Универзитетот Харвард, се наведува дека вештачки меѓуѕвезден објект потенцијално може да испрати бројни мали сонди во лет до Земјата.
„Таа операција не се разликува многу од мисиите на НАСА. Тие таканаречени „семиња од глуварче“ можат да се одвојат од мајчиниот авион со гравитационата сила на Сонцето или со способноста за маневрирање“, изјавија експертите, објави „Њујорк пост“.
AARO е формиран во јули 2022 година и е одговорен за следење на објекти на небото, под земја и во вселената, и потенцијално објекти кои можат да се движат од една реалност во друга.
Во 2005 година, американскиот Конгрес ја задолжи НАСА да пронајде 90 отсто од сите објекти блиску до Земјата поголеми од 140 метри, по што беа создадени телескопите Pan-STARRS.
Во октомври 2017 година, Pan-STARRS откри необичен меѓуѕвезден објект подоцна наречен Оумуамуа, или извидник на хавајски. Објектот бил во облик на пура, изгледал рамно и се оддалечувал од Сонцето и не покажувал трага, поради што некои научници веруваат дека е создаден од човекот.
Три години подоцна бил откриен уште еден објект кој не оставал „опашка“.
Извештајот исто така вели дека шест месеци пред Оумуамуа да се приближи до Земјата, меѓуѕвезден метеор широк околу еден метар паднал на Земјата и имал сличен облик на Оумуамуа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа