Пендаровски во Крива Паланка - отиде да ги види штетите од невремето

 
Претседателот Стево Пендаровски денеска престојуваше во општина Крива Паланка каде што ги посети загрозените подрачја од поплавите кои изминативе денови беа предизвикани од поројните врнежи од дожд.
 
„Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски и претставници на општинските служби го информираа претседателот Пендаровски за настанатите штети во градот и околината, за состојбата на патната инфраструктура и за преземените мерки за расчистување на наносите. Истовремено, од општината Крива Паланка истакнаа дека поради обемот на штетите, за нивна санација, ќе биде неопходна помош од државата.
 
За време на престојот во општина Крива Паланка, претседателот Пендаровски го посети местото викано „Осички Мост“, каде поради оштетување на патот отсечена е цела населба. Претседателот Пендаровски ја посети и локацијата на стариот патен правец кон манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ кадешто невремето предизвикало свлечишта од голем обем, а се запозна и со состојбата на речното корито на Крива Река во урбаниот дел на градот“, стои во соопштението од Кабинетот на Пендаровски испратено до медиумите.

19.06.2023 - 18:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега