Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ нема суштински идеи и понуда за граѓаните
ВМРО-ДПМНЕ во недостиг на суштински идеи и понуда за граѓаните, продолжува да се служи со уличен жаргон и излитени фрази, обидувајќи се да го дискредитира претседателот Пендаровски и неговиот кредибилитет, реагираат од неговиот кабинет.
„Со ваквата политичка комуникација ВМРО-ДПМНЕ нема да постигне ништо. Граѓаните добро знаат кој е претседателот Пендаровски, кој е постојано транспарентен, отворен и меѓу граѓаните“, се истакнува во напишаното.
Им порачуваат, доколу се сериозна политичка опција која има понуда за граѓаните, да се фокусираат на тоа, отколку на малограѓанско политиканство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа