Пендаровски се сретна со премиерот на Ирска, Лeо Варадкар

 

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими премиерот на Ирска, Лeо Варадкар, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата, информираат од Кабинетот на Пендаровски, беше поздравена триесетгодишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, при што беше потенцирано дека постои добро ниво на политички дијалог.

Двајцата соговорници ги потврдија пријателските односи меѓу Северна Македонија и Ирска, взаемната посветеност за унапредување на политичкиот дијалог, како и заложбите за поинтензивна и сеопфатна билатерална соработка.

Во однос на европската перспектива на нашата земја, претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија високо ја цени континуираната, отворена и гласна поддршка од Ирска на нашиот евроинтеграциски процес и помошта во исполнување на европската агенда, како и нивниот принципиелен став во однос на проширувањето на ЕУ.

Двајцата соговорници разговараа и за актуелните регионални случувања и важноста на европската перспектива на земјите од регионот, како стратешко и безбедносно прашање. 

12.01.2024 - 18:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега