Пазарните инспектори месецов напишаа 53 казни за непочитување на одлуката за замрзнати цени

 

Државниот пазарен инспкеторот во извештај за овој месец наведе дека биле изврши над 1100 надзори во фирми.

Биле издадени над 250 прекршочни платни налози во вредност од над 10,580,000 денари, од кои: 90 по Закон за трговија, 15 по Закон за угостителска дејност, 22 по Закон за заштита од пушење,  67 по Закон за финансиска дисциплина.

Покрај овие надзори, Државниот пазарен инспекторат постапува и по Одлуките донесени од страна на Владата кои се однесуваат на замрзнување на цените, одредување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на увозниците и на трговците да доставуваат стоки по претходно утврден редослед. По овие Одлуки во периодот од 1 мај извршени се над 360 надзори, а издадени се 53 прекршочни платни налози во вредност од над 1,150,000 денари.

„Сите економски субјекти, имаат можност да си ги платат прекшочните платни налози, или да си го остварат своето право доколку имаат забелешка во судска постапка. Инспекторите кои што констатирале прекршок кај економските субјекти ќе се појавуваат на судските рочишта, и ќе ги застапуваат и бранат законите по кои што ги констатирале прекршоците“, велат од инспекторатот.

Ги охрабруваат граѓаните, доколку забележат одредена неправилност или сомнеж за измама, а се однесува на нив како потрошувачи, веднаш да пријават во инспекторатот. Пријавите можат да се поднесуваат по електронски пат, на нивната веб страна.

18.05.2023 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега