Патник во авион направил драма за време на лет оти плачело бебе
На социјалната мрежа „Тик-ток“ се споделува видео од патник на летот на „Саутвест ерлајнс“ за Орландо, Флорида, кој вреска и арогантно им се однесува на родителите на бебето што плаче.
Бесот на човекот ги остави другите патници во тотална зачуденост. Како што пишува „Дејли мејл“, бебето непрекинато плачело 45 минути.
Неочекуваната ситуација се случила додека авионот бил во воздушниот простор во близина на Палм Бич и не можел да слета поради лошите временски услови.
Поради плачот на бебето, мажот почнал да зборува со повишен глас за тоа како ги платил билетите мислејќи дека ќе добие удобен лет, но не излегло ништо според планот поради вресокот на бебето. Видеото има повеќе од 167.000 прегледи на „Тик-ток“ откога беше објавено вчера.
Кога стјуардот се обидел да ја смири ситуацијата, тој му рекол: „Во ред, затоа што викаш…“, патникот го прекинал и рекол: „И бебето плаче“.
Стјуардот се обидел да му објасни дека е поинаку бидејќи тој всушност е возрасен, но нервозниот патник возвратил: „Дали тој кучкин син доплати за да може да вреска? Ј*** и замолчи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа