Парична награда и од МОК за Дејан Георгиевски
Македонскиот таекводно репрезентативец, Дејан Георгиевски ќе добие еднократна награда од 10 000 евра од МОК за освоениот сребрен медал на ЛОИ во Токио, а предвидена е спипендија од 1000 долари месечно до следниот Олимпипски игри во Париз 2024 година.
-Олимпискиот комитет на Северна Македонија кој и досега севкупно ги финансираше сите подготвителни активности на Таеквондо репрезентативците на најпрофесионален начин, има задоволство дополнително да даде и финансиска награда за најзаслужниот за овој извонреден успех кој е круна на повеќегодишната систематска работа на стручниот штаб сесрдно подржан од Олимпискиот комитет. Финансиската еднократна награда ќе изнесува 10.000 евра за Дејан Георгиевски. Дополнително Олимпискиот комитет ќе обезбеди максимална стипендија за Дејан за следните Олимписки игри во Париз 2024 во износ од 1.000 УСД месечно, велат од МОК.
Георгиевски како што е веќе познато ќе добие и 30 000 евра од Владата како и 10 000 евра од АМС.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа