Папата Франциск ѝ честита на Италија за освоениот Австралија опен
Папата Франциск ѝ честиташе денеска на Италија, откако Јаник Синер триумфираше во неделата на Австралија опен и стана првиот тенисер од оваа земја кој ја освоил титулата на грен – слем турнирот во Мелбурн по пауза од речиси половина век.
„Денеска мораме да им честитаме на Италијанците, бидејќи вчера победија на Австралија опен, па и ние им честитаме“, рече папата Франциск на средбата со делегација на „Реал Тенис Клуб Барселона“ на аудиенција во Ватикан.
Поглаварот на Римокатоличката црква наведе дека од тенисот можат да се извлечат важни поуки за животот.
„Во тенисот, како и во животот, не можеме секогаш да победуваме. Меѓутоа, тоа е предизвик кој збогатува доколку се игра на едуциран начин во согласност со правилата. Спортот не е само натпреварување, а во случајот на тенисот тоа е дијалог кој честопати станува уметнички“, додаде папата Франциск.
Синер (21) во неделата го совлада Русинот Данил Медведев во финалето на Австралија опен и стана првиот италијански тенисер кој триумфирал во Мелбурн од 1976 година и успехот на неговиот сонародник Адријано Паната.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа