Паника во училиште во Лондон: Фрлена киселина врз ученици - три лица пренесени во болница

 


Три лица се повредени во училиште во западен Лондон кога врз учениците и персоналот била фрлена хемикалија за која се верува дека е киселина.

Вработените во училиштето во Алфред Роуд вчера попладне повикале полиција откако наводно била фрлена хемикалија, а во соопштението достапно на веб-страницата на училиштето било наведено дека училиштето од денеска ќе биде затворено, пишува Гардијан.

Полицијата, брзата помош и лондонската противпожарна бригада пристигнале на местото на настанот и пронашле три повредени лица, меѓу кои и едно 14-годишно девојче „чии повреди потенцијално го менуваат животот“, соопшти полицијата.

Во болница е и 16-годишно момче чии повреди не се опасни по живот, додека 27-годишна жена е отпуштена од болница.

Двајца полицајци превентивно се пренесени во болница откако пријавиле дека се чувствуваат лошо, пишува медиумот.

„Во моментов истражуваме за која хемикалија станува збор. Во оваа фаза полицијата смета дека се работи за киселина“, соопштија од полицијата, додавајќи дека во тек е истрага за откривање и апсење на одговорните.

01.10.2024 - 14:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега