Пандев: Не сакаме премија за поразот од Романија

 

Македонските фудбалски репрезентативци ја одбиле премијата од ФФМ по вчерашниот пораз од Романија во новиот квалификациски циклус за СП 2022 во Катар.

ФФМ и покрај поразот одлучи да им даде премија од 40.000 евра, но капитенот, Горан Пандев во изјава за „Макфудбал“ рече дека ја одбиле.

-Не сакаме премија за пораз, мислиме дека тоа би било незаслужено. Сите фудбалери се договоривме да не ја земеме премијата. Ја оставаме да си ја поделат членовите на УО“, изјави Горан Пандев за Макфудбал.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2021 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега