Падна првиот снег на Копаоник за оваа есен

 

На Копаоник од утрово паѓа снег, прв оваа есен, а снежната покривка е дебела два сантиметри. Првиот снег е забележан и на Голија.

Температурата се движи околу нула степени, а се очекува до крајот на денот снегот да престане да паѓа, јавува Радио-телевизија на Србија.

Републичкиот хидрометеоролошки завод најави пад на температурата за време на викендот и дека е можно послаб снег да падне во ридско-планинските предели низ Србија.

15.11.2023 - 22:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега