Падна одлука: Македонски војници заминуваат за Романија

На предлог на Министерството за одбрана, на денешната 156. седница Владата донесе Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во борбената група на НАТО операцијата „enhanced Vigilance Activity-еVA“, во Република Романија, за период од шест месеци, сметано од јуни до декември 2023 година, соопшти владината прес - служба.

За време на реализацијата, објаснуваат од Владата, ќе се зајакне партнерството и соработката помеѓу нашата држава и останатите сојузници во рамките на НАТО и ќе се прошири и збогати билатералната соработка на Република Северна Македонија со Република Романија.

23.05.2023 - 20:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега