Падна мост во Финска: 24 повредени, главно деца

 

 

Во Финска се повредени најмалку 24 луѓе при рушење на мост.

Полицијата во Финска изјави дека при рушење на мост најмалку 24 луѓе се здобиле со повреди, повеќето од лицата биле ученици. Мостот во градот Еспо се срушил околу 9:30 часот изутрина во областа на Тапиола.

Во соопштението се вели дека учениците биле на мостот во моментот на неговото рушење, и дека тие биле однесени во три локални болници на лекување. Истакнато е дека поголемиот дел од здобиените повреди биле скршени екстремитети, и ниту еден од учениците не бил во опасност по живот.

Градот ја презеде одговорноста за несреќата, се вели во соопштението. Заедно со полицијата рекоа дека во тек е истрага за причината за рушење на мостот.

 

 

11.05.2023 - 17:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега