Падна дилер од Куманово

 


Четириесет и тригодишен кумановец вчера е приведен, бидејќи полицијата при претрес во неговиот дом пронашла дрога.

-Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во 9:00 часот, го лишиле од слобода М.П.(43) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана, дигитална вага и пари. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР. 

12.05.2025 - 11:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега