„Оваа жена нешто крие“: Мајката на убиецот на Данка на суд, се јави нов сомнеж

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ и сопругата на Радослав Драгијевиќ, кој е осомничен дека помагал да се сокрие телото на девојчето, го искористи своето законско право да не сведочи, пишуваат медиумите во Србија.

Таа го има тоа право како најблиска роднина на осомничените.

-Сведокот Светлана Драгијевиќ е привилегиран сведок во однос на Радослав Драгијевиќ, кој е нејзин сопруг и син Дејан Драгијевиќ. Таа го искористи правото да не сведочи, изјави адвокатот Небојша Живановиќ.

Се поставува прашањето дали таа крие нешто со оглед на тоа што одбила да соработува со судот. Многумина коментираат дека штом одлучила да молчи, сака нешто да сокрие.

Според извештаите, денеска ќе бидат сослушани уште двајца сведоци, додека утре во обвинителството се повикани уште неколкумина.

Тројца членови на семејството Драгијевиќ беа уапсени за убиство на двегодишно девојче, но помладиот син на Светлана Далибор почина во притвор од срцев удар неполни 48 часа по апсењето.

16.04.2024 - 14:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега