Откажани летовите од аеродромите во Берлин, Бремен и Хамбург поради штрајк

 

 

Денеска нема да има полетувања од аеродромите во Берлин, Бремен и Хамбург поради штрајкот што го најави синдикатот.

„Поради предупредувачкиот штрајк на вработените во контролата на летање, нема да има полетувања. Штрајкот ќе влијае и на летовите што доаѓаат“, се вели во соопштението на аеродромот во Берлин.

Аеродромот во Хамбург, исто така, најави дека може да има одложувања или откажувања на дојдовните летови.

Бремен наведува дека нема да има летови од нивниот аеродром.

Синдикатот повика на штрајк на работниците поради спорот околу платата за ноќна, викенд и празнична работа.

13.03.2023 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега