Отишла да го види Роби Вилијамс, па паднала преку шест реда седишта - баба почина на концертот на познатиот пејач

Жена на 70-годишна возраст почина во болница откога паднала на концерт на британскиот пејач Роби Вилијамс во Сиднеј, соопштија здравствените власти.

За време на концертот, таа паднала преку шест реда седишта и добила сериозни повреди на главата, јави Би-би-си.

Жената била итно пренесена во блиската болница, каде што била ставена во индуцирана кома.

Британскиот пејач не го коментира инцидентот што се случи на првата вечер од неговата австралиска турнеја.

Несреќата се случила по завршувањето на концертот, изјави портпаролот на стадионот.

„Наместо да ги користи скалите, жената се обиде да помине низ редовите на седиштата и падна“, рече портпаролот.

За време на инцидентот, на концертот присуствуваа околу 40.000 фана.

Следниот концерт британската поп-ѕвезда треба да го има в среда во Мелбурн, пренесува „Танјуг“.

21.11.2023 - 18:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа