Османи: Зголемениот ангажман на НАТО во Западен Балкан значаен за регионалната стабилност

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, учествуваше на НАТО Министерскиот состанок, што се одржa во седиштето на Алијансата, во Брисел.

Во рамки состанокот, сојузниците разговараа за актуелните меѓународни политички и безбедносни случувања, реафирмирајќи го непоколебливото единство и заедничка поддршка за Украина. Воедно, се осврнаа на приоритетите на Алијансата во пресрет на Самитот на НАТО, што ќе се одржи идната година, во Вашингтон.

Османи ја поздрави силната посветеност и зголемениот ангажман на НАТО во Западен Балкан, како стратешки важен регион на Алијансата.

„Особено значајна е блиската координација меѓу НАТО и ЕУ, при што забрзувањето на евроатлантските интегративни процеси е од суштинско значење за консолидирање на стабилноста во регионот и превенирање од дестабилизирачки влијанија од трети страни“, нагласи Османи.

Воедно, беше истакната силната поддршка за НАТО политиката на отворени врати, при што сојузниците изразија очекување за што поскоро присоединување на Шведска како полноправна членка на Алијансата.

28.11.2023 - 18:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега