Османи: 2030 реална можност за влез во ЕУ за С. Македонија

Со колешката Џачка се согласивме дека споделуваме исти стратешки надворешнополитички приоритети. Сојузници во НАТО, со 100% хармонизација на својата надворешна политика со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи на заедничката прес конференција со неговата колешка од Албанија, Ољта Џачка. Османи изрази оптимизам дека 2030 година е реална можност за двете земји заедно да станат полноправни членки на ЕУ.

„Заеднички поминуваме низ скрининг процесот, ги спроведуваме внатрешните реформи и одлучно чекориме кон полноправно членство во ЕУ. 2030-ттата година е реална и дофатлива можност за двете земји да го заокружиме овој процес и јас лично верувам во тоа.

27.03.2023 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега