Ослободена Палестинка: Ми се закануваа дека не треба да го прославам ослободувањето од затвор
Мара Бејкер, која беше уапсена во 2015 година кога имаше 16 години, беше ослободена од израелскиот затвор Офер. Бејкер изјави за Ал Џезира дека на многу од ослободените затвореници им е потребна медицинска помош. Не е јасно зошто Бејкер била во затвор.
„Сите затвореници претрпеа тешка медицинска негрижа“, рече таа, додавајќи дека била застрелана во раката при апсењето.
Бејкер вели дека утрово била известена дека ќе излезе од затвор.
„Малку сум нервозна и запрепастена. Не можам да верувам дека сум надвор“, рече таа.
Бејкер тврди дека полицијата ги известила другите затвореници кои сега се ослободени дека повторно ќе бидат уапсени доколку има некакви прослави и ако се веат знамиња по нивното ослободување.
Нејзиниот татко изјавил за Ал Џезира дека бил повикан во полициска станица претходно денеска и „му се заканувале да не одржува прослави или да покажува знаци на радост“ по ослободувањето на неговата ќерка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа