Орбан тврди: Блиску сме до нова светска војна

 

Светот е поблиску од кога и да е еден локален конфликт да стане светска војна, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Водачите на западниот свет „се зафатени од воена треска, тие држат говори повикувајќи на победа во војната и дополнителни жртви и испраќаат сè поопасно оружје во Украина“, рече Орбан во интервју за унгарското државно радио.

Наместо едногласно да се промовира мир, светот е поделен, посочи Орбан. Турција и арапските држави, Кина и африканските земји сакаат прекин на огнот и мировни преговори, смета тој.

Во исто време, Унгарија е „во основа единствената“ европска земја која е за мир, заедно со Ватикан, рече Орбан.

Државите кои влегуваат во војна се мотивирани од „деловни шпекулации, размислувања за одбранбената и економската политика и пресметките на воените предности“, исто како и од посветеноста на принципите и религијата, нагласи тој.

10.03.2023 - 17:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега