Орбан: Рускиот напад врз Украина е операција, а не војнa
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја доведе во прашање природата на руската инвазија на Украина, одбивајќи да каже дека тоа е војна и со својот избор на зборови го поддржа рускиот претседател Владимир Путин, пишува агенцијата „ДПА“.
„Ова е операција додека не се објави војна меѓу двете земји“, рече унгарскиот десничарски премиер на својата годишна медиумска конференција во четвртокот во Будимпешта.
Тоа беше одговорот на Орбан на прашањето зошто неодамна избегна да зборува за „војна“ во разговорите со Путин.
„Ние Унгарците никому не диктираме кои зборови треба да се користат за да се зборува за тоа“, нагласи Орбан. „Драго ни е што тоа не е војна“, додаде тој. Од друга страна рече дека Украина е во војна.
Орбан, кој долго време одржува добри односи со Путин, се сретна со рускиот лидер во Пекинг во октомври.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа