Општина Битола со два милиони денари помош за семејствата на жртвите од Пулс
Советот на Општина Битола на вонредна седница донесе одлука од локалниот буџет да издвои два милиони денари, финансиска помош за семејствата на починатите и за повредените лица во пожарот што се случи во Кочани.
Членовите на општинскиот совет и градоначалникот Тони Коњановски со минута молчење оддадоа почит на загинатите лица, а потоа посакаа брзо заздравување на повредените кои во моментов се лекуваат во државата и странство.
- Битола сочувствува со болката на семејствата на починатите. Нашиот град секогаш е солидарен и затоа во оваа прилика се издвојуваат еден милион денари како финансиска помош и за повредените исто така еден милиони за повредените, посочи Габриела Илиевска, претседателка на Совет на Општина Битола.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа