Опожарени две куќи во Куманово

 


Два семејни дома биле опожарени вчера во Куманово, соопшти денеска регионалниот центар за управување со кризи. Пожарникарите гаселе пожар на запалена кровна конструкција во село Пчиња до 15 часот со една екипа. Во попладневните часови била опожарена куќа во центарот на Куманово на улицата „Пионерска“. На пожарот интервенирале две екипи со шестмина пожарникари.

ТППЕ Куманово гаселе пожар и на запалена сува трева на улицата „Народна Револуција“ и во населбата „Средорек“ каде бил запалена сува трева и смет.

Кумановци реагираат дека на оваа локација несовесни граѓани постојано палат смет и често има пожари кои ја вознемируваат јавноста и го загадуваат воздухот во попладневните часови. Кумановци бараат засилени инспекциски надзор, санкции за несовесните граѓани кои палат оган на отворено и го загадуваат воздухот.

- Во текот на годината често, во последно време речиси секојдневно интервенираме на таа локација од „Стари Лозја“ до надвозникот пред влезот на населбата „Перо Чичо“, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Според истражувањата изработени во рамки на проект, дефинирани се шест извори на загадување согорувањето на биомаса, сообраќајот, согорување на оган на отворено и отпад, согорување на мазут и нафта, со најмал процент е минерална прашина и секундарните аеросоли. 

27.06.2025 - 12:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега