Омилена опсесија на Мадона е водење љубов, а откри и по што жали најмногу

 

Поп иконата – која претходно беше во брак со Шон Пен во 80-тите, а потоа со Гај Ричи од 2000 до 2008 година – во новото видео призна дека жали за двата нејзини брака.

На прашањето која е нејзината моментална омилена опсесија, таа рече: „Секс. И се каам што се омажив. И двата пати“.

Кралицата на попот (64) сними ново видео на нејзиниот канал на „Јутјуб“, насловено Finally Enough Talk: 50 Questions With Madonna, во чест на прославата на нејзиниот нов компилациски албум Finally Enough Love: 50 Number Ones.

На видеото се гледа како оди низ дворот на фарма во мрак и одговара на серија прашања.

Потоа зема купче моркови за да ги нахрани коњите и прашува со поглед кон камерата: „Ве потсетува на нешто?“

Репортерот ја прашува што ја одржува во животот, кое е нејзиното најголемо задоволство, кој е нејзиниот знак во хороскоп, која е причината за нејзината успешна кариера и друго.

На сите прашања, таа одговори: „Секс“.

На други места во видеото – на кое се гледа потпрена на моторцикл или се вози во количка за голф – ја прашуваат која мода ќе ја носи до крајот на животот.

Таа одговара: „Мојот вибратор ѓердан од 24 каратно злато“.

02.09.2022 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега