ОЈО нема добиено ниту една кривична пријава за изборни нерегуларности, но го истражува финансирањето на една партија

 

Јавното обвинителство досега не добило ниту една кривична пријава за изборни нерегуларности. Но по допрен глас истражува финансирање на една политичка партија, по претходни обвинувања од друга партија.

Оттаму велат дека и ОЈО и Комисијата за следење на изборни нерегуларности ги следат сите информации, но ниту евентуални оштетени лица, ниту МВР не доставиле кривични пријави. 

-Инструментот на допрен глас, како и до сега, се користи доколку органите надлежни за откривање на кривични дела не постапуваат согласно надлежностите. Самата политичка партија во конкретниот случај веќе најави дека има намера да бара правна заштита и преку механизмите за граѓанска одговорност за клевета. До овој момент, Комисијата на Јавното обвинителство за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите има оформено еден предмет врз основа на наводи изнесени од една политичка партија кои се однесуваат на сомненија околу финансирање на изборна кампања на друга партија. Предметот е испратен на постапување на надлежно основно јавно обвинителство, велат од ОЈО.

04.04.2024 - 12:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега