Официјално: Познат виновникот за несреќата во која загина Коби и неговата ќерка

 

Ара Зобајан, пилотот на хеликоптерот кој се урна во јужна Калифорнија минатата година, во несреќа во која загинаа Коби Брајант, неговата 13-годишна ќерка Џана и уште шест патници, не ги почитувал правилата на летање во густи облаци, објави американската безбедносна организација за летови (Национален борд за безбедност при транпортација).

Агенцијата ја критикуваше одлуката на Зобајан да полета во облаците, и објасни дека тој најверојатно не можел да разликува каде се наоѓа и на која височина е на летот на 26 јануари 2020. Тој ја известил контролата на лет дека ја зголемувал височината и дека е блиску да излезе од облаците, но според агенцијата хеликоптерот „Сикорски С-76“ вртоглаво губел на височина. Нема докази за механички дефект

Брајант и седумте други патници летаа од Оринџ Каунти до младинскиот кошаркарски турнир во „Мамба спортс академи“ во Вентура Каунти за време на несреќата. Неговата сопруга, Ванеса Брајант ја тужеше компанијата која го поседува хеликоптерот, тврдејќи дека не го обучиле доволно пилотот Зобајан.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.02.2021 - 20:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега