Одлука за „Транспортер“: Талески останува во затвор, пресудата важи, аболицијата – не

 

Врховниот суд смета дека пресудата за „Транспортер“, во која е осуден битолскиот градоначалник Владимир Талески, доби затворска казна и таа е законски изречена. Аболицијата дадена од експретседателот Ѓорге Иванов не ги опфаќа осудените.

„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда КВП-КОК2 бр.6/23, со која барањата на осудените В. Т. и С. Б. за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје, КОК бр. 30/17, од 31.3.2020 година, и пресудата на Апелациониот суд Скопје, КОКЖ бр. 70/20, од 8.4.2022 година, ги одби како неосновани, а барањето на осудениот Ѓ. Т. за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје, КОК бр. 30/17, од 31.3.2020 година, и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ бр. 70/20, од 8.4.2022 година, го отфрли како недозволено“, вели Врховниот суд.

По предметот „Транспортер“ преку кој се знае ставот за аболициите, Врховен суд постапуваше од крајот на март. Тогаш, предметот беше пратен и на мислење кај обвинител. По еден месец мислењето беше дадено. Оттогаш е во рацете на највисокиот суд кој денеска донесе одлука. Врховните судии секогаш се повикуваат дека одлучуваат во согласност со начелата на ефикасност и ажурност.

26.06.2023 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега