Одложено денешното рочиште за случајот со Пендиков

 

Одложено е денешното судско рочиште во врска со нападот врз секретарот на бугарскиот културен клуб во Охрид, Христијан Пендиков, што се води пред Основниот суд во Охрид.

Во судницата присутен беше Пендиков, но рочиштето беше одложено на барање на одбраната на второобвинетиот бидејќи сè уште во целост ги немаат разгледано доказите што Обвинителството им ги става на товар.

Следното рочиште е закажано за 1 декември.

26.10.2023 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега