Одложени летови за Истанбул: Патниците во Скопје чекаат

 


Авиолинијата Скопје - Истанбул утрово ќе се реализира со задоцнување. Според веб страницата на ТАВ Македонија, авионот на „Пегазус“ што требаше да слета во Скопје во 9.55 часот, е одложен за 12.05, а пролонгирано е и неговото враќање за Истанбул од 10.50 во 13.00 часот.

За еден час е одложен и летот Истанбул - Скопје - Истанбул на компанијата AJET HAVAYOLLARI. Првично планиран за 11.25, авионот во Скопје треба да слета во 12.25, а наместо во 12.45, се очекува да се врати во Истанбул во 13.45.

Не е наведено дали причина за одложувањето е маглата во Скопје. Други измени на редот на летање, според веб страницата на ТАВ Макединија, засега нема.

02.01.2025 - 10:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега