Од утре претежно стабилно, температурите повисоки за околу три степени

Од утре следува период на претежно стабилно време, освен во планинските подрачја каде ќе има ретка појава на претежно попладневен пороен дожд и ретки грмежи, информира УХМР.

Дневните температури ќе бидат повисоки за околу 2 до 3 степени.

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен североисточен ветер, а попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи.

31.08.2024 - 13:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега