Од сабота постудено и снег

До петок ќе преовладува променливо облачно време, по одделни котлини со појава на магла. Под влијание на влажен и студен бран во сабота ќе има значителна промена на времето со пообилни врнежи, кои во текот на денот во поголем дел од земјата ќе преминуваат во снег и во пониските места.

На планините ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. Ќе дува засилен северен ветер, а температурите значително ќе опаднат, соопшти УХМР.

Во недела минималната утринска температура ќе се спушти до минус пет, а во понеделни до -13 степени. Максималната дневна ќе достигне до седум степени.

 

22.11.2023 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега