Облеан во крв се појавил во Ургентен центар - Дарко Костиќ повреден од свој другар
Дарко Костиќ синоќа бил пуштен од Ургентниот центар каде што бил примен вчера откако пријател го удрил со чаша во главата. Во таа прилика бил придружуван од полиција.
На креаторот му биле извршени детални прегледи, по што специјалистите оцениле дека нема потреба од дополнително задржување во здравствена установа. Одморот и лекувањето ги продолжил дома.
По три часа ја напуштил болницата со медицинската документација и се вратил во својот дом.
Да потсетиме, жестоката тепачка наводно настанала при расправија со пријател кој го удрил и му ја повредил главата. Како што објавија медиумите, станува збор за расекотина над десното уво.
Расправијата се случила во станот на модниот дизајнер, а по неа во болница пристигнал Дарко за да ги направи сите потребни и детални анализи.
Да потсетиме, ова не е прв пат Дарко Костиќ да се најде во епицентарот на скандал. Тој беше уапсен на 21 април минатата година, поради сомнение дека по забава во неговиот стан под кирија, младиот Ш. Х.(19) го врзал и го заклучил во магацин.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа