Нови детали за пожарот во Домот за стари лица во Кавадаречко
Нови детали за пожарот кој го зафати Домот за стари лица во кавадаречкото село Чемерско. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев за МИА информира дека во пожарот кој го зафатил објектот каде се сместени 30 лица, нема жртви.
Тој додаде дека на терен се тимови на пожарникари, медицински лица и полицајци.
-Нема жртва, тоа е најбитно. Приоритет беше да се извлечат на безбедно сите лица што престојуваат во домот. Имаме пратено два минибуса, пет амбулантни возила и ќе се транспортираат сите до Општа болница Кавадарци, од каде што семејствата ќе можат да си ги земат, истакна градоначалникот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа