Нови цени на горивата вечерва по полноќ
Регулаторната комисија денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.
Согласно последната одлука на РКЕ донесена во петокот, цената на дизелот се зголеми за три денари, додека на екстра лесното масло за домаќинство на 2,5 денари.
Цените на бензините останаа непроменети, а мазутот поскапе за 1,024 ден/лит.
Ова се актуелните цени на горивата:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 89,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 97,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 51,252 (денари/килограм).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа