Нов земјотрес ја погоди Црна Гора
Пред само час уште еден земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Црна Гора, јавува EMSC.
Земјотресот е регистриран во 12:48 часот по локално време на длабочина од девет километри.
Според ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот бил на седум километри од Плужине.
Претходно во 04:06 часот земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала го погоди западниот дел на Црна Гора, пограничната област со Босна и Херцеговина.
14.03.2024 - 13:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа