Кјелини го брани Суарез

 

Луис Суарез, како што е познато е казнет со 9 натпревари суспензија, парична казна, но и четиримесечна забрана за учество во било каква фудбалска активност, што кај гризнатиот италијански играч Џорџо Кјелини предизвика неверување.

-Секогаш мислец дека дисциплинските казни на официјалните фудбалски органи се праведни, но оваа формула која е применета на Суарез е претерана, вели Кјелини.

- Искрено се надевам дека ќе му биде дозволено барем да остане близу до своите соиграчи од репрезентацијата за време на натпреварите, бидејќи таква казна за еден фудбалер е навистина страшна, изјавил италијанскиот репрезентативец.

27.06.2014 - 13:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега