На Суарез 4 мсееци му е забрането да влезе на стадион

 

Дисциплинската комисија на ФИФА денес конечно ја донесе одлуката за постапката покрената против Луис Суарез и како и што се очекуваше, казнате е ригорозна.

Имено, ФИФА му изрече суспензија од 9 натпревари за националниот тим и 4 месеци забрана за било каква фудбалска активност и присуство на стадион.

Тоа значи дека Суарез во следните 4 месеци нема да може да игра ни за својот клуб, Ливерпул, или било кој друг, доколку направи трансфер и тоа во сите натпреварувања. Плус парична казна од 100.000 швајцарски франци (82.000 евра).

Со ваквата одлука на ФИФА не само што заврши Мудијалот за Суарез, туку тој нема да може да настапува за својот тим се до почетокот на ноември, а тоа е голем удар за неговата фудбалска кариера.

Од друга страна тоа ќе значи и голема финансиска загуба, бидејќи готово сите спонзори сакаат да го раскинат договорот со играчот,поради нарушен имиџ.

Одлуката на ФИФА е кончено па доколку фудбалерот достави жалба, казната може да биде зголемена после разгледување на истата.

27.06.2014 - 11:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега