Македонските екипи ги добиваат противниците во ракометната Лига на шампиони

 

Трите македонски екипи кои претстојната сезона ќе ја преставуваат Македонија во елитната ракометна Лига на шампиони денеска ќе ги добијат своите противници во групната фаза. 

Во женска конкуренција. Нашите шампионки ЖРК Вардар СЦБТ жрепката ја исчекуваат од третиот шешир во кои се и екипите на Мец, Хипо и Локомотива.

Ова е изгледот на шеширите за денешната жрепка која ќе се одржи во Виена, а ќе започне од 18 часот.

Шешир 1: Ѓер (Унгарија), Будуќност (Црна Гора), Ларвик (Норвешка), Крим (Словенија)

Шешир 2: Виборг (Данска), Баја Маре (Романија), Турингер (Германија), Динамо Волгоград  (Русија)

Шешир 3: ЖРК Вардар СЦБТ (Македонија), Мец (Франција), Хипо (Австрија), Локомотива (Хрватска)

Шешир 4: Савехоф (Шведска), Селгрос Лублин (Полска), победниците од двата квалификациски турнири.

Жрепката во машка конкуренција ќе започне веднаш по онаа за дамите.

Македонскиот првак Металург, е во вториот шешир, во кој се и екипите на Колдинг, Цеље и Данкерк кои неможат да бидат противници на составот од Автокоманда.

Вардар кој доби вајлд-карта ждрепката ќе ја чека од 5-от шешир во кој се и екипите на Фленсбург, Алборг и ПСЖ.

Изгледот на шеширите пред денешната жрепка во машка конкуренција:

Шешир 1: Барселона (Шпанија), Кил (Германија), Веспрем (Унгарија) и Киелце (Полска)

Шешир 2: Металург (Македонија), Колдинг (Данска), Цеље (Словенија) и Данкерк (Франција)

Шешир 3: Загреб КО (Хрватска), Чеховски Медведи (Русија), Алингсас (Шведска) и Кадетен Шафхаузен (Швајцарија)

Шешир 4: Р.Н.Ловен (Германија), Натурхаус ла Риоха (Шпанија), Пик Сегед (Унгарија) и Висла Плоцк (Полска)

Шешир 5: Фленсбург (Германија), Алборг (Данска), Вардар (Македонија) и ПСЖ (Франција)

Шешир 6: Монпелје (Франција), победниците од квалификациските групи 1, 2 и 3.

27.06.2014 - 09:12
Фото: 
а1.он
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега