Со тешки маки Надал во третото коло на Вимблдон

 

Првиот светски тениски рекет Рафаел Надал (Шпанија) се пласира во 3.коло на Грен слем турнирот Вимблдон, откако го победи Лукаш Росол (Чешка) со 3-1, по сетови 4:6, 7:6, 6:4 и 6:4.

Чешкиот тенисер беше на добар пат да го повтори успехот од пред две години кога на истото место го совлада Надал. Росол го доби првиот сет, играше тај-брејк во вториот и имаше сет топка за 2-0, но Шпанецот се извлече со три поени во серија и изедначи на 1-1.

Следен противник на Надал ќе биде Михаил Кукушкин од Казахстан.

На досега завршените денешни мечеви победи и пласман во следното коло остварија Болели (Италија), Киргиос (Австралија), Кубот (Полска), Цонга (Франција), Вавринка (Швајцарија), Раониќ(Канада), Нишикори (Јапонија), Весели (Чешка), Робредо (Шпанија) и Истомин (Казахстан). 

26.06.2014 - 20:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега