Две години суспензија за Суарез?
Напаѓачот на Уругвај, Луис Суарез беше во центарот на вниманието на натпреварот против Италија но не поради некој погодок или потег туку поради инцидент. Суарез повторно направи испад со каснувањето на Џорџо Киелини.
Напаѓачот на Ливерпул минатата сезона поради каснувањето на Бане Ивановиќ беше суспендиран на 10 натпревари од Премиер лигата, но очигледно тоа не му донесе никаква поука на извонредниот голгетер.
Сега Суарез по се изгледа го очекува подрастична казна од ФИФА, а според најлошото сценарио за него, Уругваецот би можел да добие двегодишна суспензија. ФИФА ги разгледува жалбите од Италијаните, судиските извештаи и снимките од натпреварот а одлуката треба да биде објавена до петок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа