„Секој ден го малтретираат, постојано плаче" -се отвори мајката на најубавиот затвореник
Мајката на најпознатиот затвореник по кој полудеа жените ширум светот, изјави дека нејзиниот син кој стана Интернет сензација го малтретираат и измачуваат во затворот каде е сместен.
- Мојот син побегна од бандата кога ја запозна својата сопруга и кога се земаа пред шест години. Се пресели, формираше фамилија, а сега...сега живее во кошмар, вели неговата мајка низ солзи.
60-годишната Кетрин Енгиер додава и дека нејзиниот син се мачи во затворот и дека само еден ден се разбудил без да плаче.
Џереми со сопругата има тригодишен син. Откако се појави неговата фотографија на Интернет, доби многу понуди да биде манекен и да снима филмови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа